Тимот на I ♥ Hiking – group Macedonia ви организира еднодневна планинарска тура,со организиран превоз.
Линк до настанот Беласица врв Тумба.
Турата започнува во с.Смоларе кое е на 420 мнв и во близина на Смоларските Водопади кој се опција за посета во оваа тура.Од тука се иде нагоре до пд.Шарена Чешма, патот е низ шума и е тежок, ( за луѓе што не мрднале летово по планина ) . Со краток одмор пред планианрскиот дом ( кој е во изградба – внатрешно уредување ) се упатуваме преку коњско прдло ( уште една угорница ) до под врвот БОТА кој нема да го качиме во оваа тура.
врвот Тумба 1881 мнв е на некој 30 мин по срт и преставува томеѓе помеѓу Бугарија,Грција и МКД . Во организација на паок.ЕНТУЗИЈАСТ , ќе има планинарски меѓугранични средби. На враќање назад во пд.Шарена Чешма имаме ручек графче за кое треба секој да си земе секој сам од дома прибор за јадење. (чинија и лажица)
Цената за превоз со шофер е 600 ден по особа.
Резервации до петок до 17:00 часот. Плаќање до Сабота до 17:00 часот. Бројката за оваа тура е 15 луѓе минимум , доколку нема доволен број турата се откажува.
Поаѓањето е во 03:00 часот пред пошта 2 кај Железничка станица . ( оделот за пратки )
Турата спаѓа во средно тешки тури, кај оваа има можност за останување во домот и за попатно откажување дека еден е патот и може на враќање да се собереме сите, да ги посетиме водопадите и назад Скопје.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Пријавување и плаќање : Дејан 071/212 808
Организација :
I Love Hikign – group Macedonia
skimacedonia
