П.К. ,,Бел Камен” Радовиш
Покана за 8-ми меморијален марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2014”
Почитувани планинари !
П.К Бел Камен оваа година по 8-ми јубилеен пат го организира Меморијалниот
Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2014” во спомен секавање на нашиот планинар и другар
По тој повод ве покануваме и вас да земете учество на овој меморијален марш кој ке се одржи на 16 и 17 август 2014 год (сабота и недела).
Самиот марш ќе се одржи на 17.08.2014 по следната програма:
Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. До врв Бел Камен висок 1707 м.н.в. пристигнување во 12.00 ч. одмор и разгледување на околината 30 мин. И вракање околу 15.00 ч.По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек.После ручекот планинарско дружење и во 17 ч. заминување од П.Д. Џумаја.
Секој учесник на маршот ќе добие бесплатна капа со логото на самиот марш. За оние планинари кои сакат да дојдат на 16.08.14 (сабота) сместување ке има во П.Д Џумаја, кое ке биде бесплатно.
За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот,ве молиме задолжително да го пријавите важето учество најкасно до 15.08.2014
Напомена:Сите учесници во маршот да бидат здрави и психофизички подготвени.
Пријави на адреса:paokbelkamen@yahoo.com и на тел:Ѓорги Симеонов 070/302-021 Цане Николов 070/302-031 Гогов Ристе-Ринго 075/927-989
Радовиш П.К Бел Камен Радовиш
skimacedonia