Изминатиот викенд, од 18-21 март 2017, во Србија се одржаа сноуборд ФИС натпревари – Отворено првенство на Србија, во организација на сноуборд клубот АБЦ од Крагуевац и Бибис од Белград. Учествуваа 70 натпреварувачи (мажи и жени) од Србија, БиХ, Украина, Либан, Романија, а учество земаа и наши натпреварувачи од скопскиот сноуборд клуб Полар. Натпреварите беа во 4 категории (Цицибани, Деца, Јуниори и …
повеќе »skimacedonia
Ски центарот Маврово ги стопира лифтовите
Од утре 22 март 2017, нема да работат ни Галички и Белички лифт, топлото време забрзано го стопи снегот на конекторите и жолтиот лифт, како и на рамниот дел околу Галичко бачило, пристапот станува отежнат, па лифтовите се стопирани.
повеќе »Илина ја скијаше Етна во моменти на ерупција
Несекојдневно искуство на нашата најдобра алпинистка и скијач кој практикува скијање на егзотични дестинации. Минатиот викенд, поточно во петокот на 17 март, Илина Арсова реализираше несекоjдневна авантура скијајќи на планината вулкан Етна, во моменти на негова ерупција. Очекуваме повеќе детали и нејзин извештај од оваа Спилберг авантура.
повеќе »Лифтовите во Маврово ќе работат и во текот на работната недела
За сите што се интересираат, работат Галички и Белички лифт, заедно со конекторите и ќе бидат оперативни и во текот на работната недела, а во функција се и бачилата за храна и пијалоци. Уживајте во белината и сонцето на Бистра. Цена на ски карта е 500 денари. Фото викенд, 18 март 2017
повеќе »Пелистер деновиве рај за турно и фрирајд
Пелистер деновиве рај за турно и фрирајд, лифтовите на Копанки и во Нижо Поле не работат, но горе над 2000 метри се шушка дека се одвива вистинска драма 🙂 видео во најава https://vimeo.com/209010603
повеќе »Маврово ски амбиент 18 март 2017
Додека му ја мислите и анализирате дали има, колку има, каде, што има, зошто и како… Денес, 18 марта 2017 н
повеќе »Marcel HIRSCHER си заработи голем кристален глобус за сезона 2016/2017 во Велеслалом
Марсел Хиршер е победникот во дисциплината велеслалом од Светскиот куп во Алпско скијање за сезонава 2016/17. Тој со победа на финалната трка во Аспен ја комплетираше титулата во најдобро светло. Второто и третото место сезонава во категорија Велеслалом им припаднаа на французите Матју Февр и Алексис Пинтураулт. Во последниот слалом натпревар од оваа сезона, утре победникот е веќе познат, останува само …
повеќе »Невремето во Хајнес ja ставија на stand by – Freeride Wolrd Tour
Фрирајд хероите ќе почекаат малку за да скијаат на огромните снегови низ Аљаска. Временските услови и невремето во Хајнес ги ставија на stand by натпреварите од Freeride Wolrd Tour. Утрешните наптревари се откажани и се чека стабилизација на времето. Наградниот фонд е 68.000 долари, а ова е четврта станица од вкупно пет натрпевари, финалниот е во Вербиер, Швајцарија.
повеќе »Илка Штухец и Петер Фил победници во категоријата спуст
Словенката Илка Штухец и италијанецот Петер Фил се шампионите во спуст. Тие победија во трките од завршницата од Светскиот куп во Аспен и со тоа ги освоија своите Кристални Глобуси во најбрзата дисциплина. Илка Штухец забележа успешна и победничка сезона, а стана и првата словенка која успеала да освои Кристален Глобус. “Пресреќна сум и се уште не сум свесна што …
повеќе »Исклучителен простор за уживање
Една од точките каде оваа година често наминуваме е хостелот, ски домот Горица ( ski hut Gorica), удобна планинскa куќа во Маврови Анови, базна точка за многу скијачи, планинари, качувачи, авантуристи и сите оние кои ги уживаат големите планини низ Мавровијата. Место каде што се споделуваат бројни планински приказни и искуства. Располага со удобни 14 легла (приватни или заеднички соби), …
повеќе »
skimacedonia