Продолжен натпреварувачки викенд во Маврово кој изобилуваше со исклучителни атрактивни натпревари, Slope Style, Big Air во четвртокот и петокот, надополнети со FIS Сноуборд меѓународните натпревари како и државното првенство на Македонија во дисциплината Велеслалом, сноуборд. Заради лошите временски услови кои продолжија и викендов организаторот Скијачката федерација и Сноуборд клубот Полар, трките ги преместија во делот на стазата под едносед што дополнително ја зголеми атрактивноста на натпреварите. Во натпреварите покрај македонските клубови, заради ФИС бодувања учествуваа и натпреварувачи од Чешка, Грција, Романија и Франција.

Најатрактивни беа сениорските трки каде во рамките на Државното првенство на Македонија во сноуборд и FIS Меѓународните натпревари доминираше и најмногу валоризираше искусната Сања Спасовска (XMKD клуб) во женска категорија освојувајќи ги двете први места. Кај мажите победнички резултати прокнижи Александар Кацарски (XMKD клуб) кој однесе победа во рамките на Државното првенство на Македонија, пред Марко Дарков SSNL клуб и Горјан Кавраков (XMKD клуб), а второ место во меѓународната конкуренција од повеќе европски држави како Франција, Чешка, Романија и Грција, прв беше французинот Chaix Vincent, трет Adrian Teodorescu Романија.
Не помалку привлечни беа и останатите натпреварувања во помладите категории, каде посебна популарност влечат најмладите бордери од битолскиот клуб SSNL во категорија деца до 10 години, кои генерално и немаат конкуренција во категориите за кои се натпреваруваат, и покажуваат понапредни натпреварувачки перформанси. Кај повозрасните во рамките на Државното првенство за први места се изборија Јана Наскова U18 (POLAR клуб), Јаков Митровски U18, Лауренчиќ Вера U16 (POLAR клуб), Лауренчиќ Ведран U14 (POLAR клуб), Костовски Андреј U12 (POLAR клуб), Башовска Ева U12 и Ристовски Евгениј U10 од SSNL клуб.
Во сениорска конкуренција најмногу медали ожнеа скопскиот XMKD, во младинските категории клубот Полар Скопје и ССНЛ Битола.
Како беше на Slope Style и Big Air 1 & 2 март
Реализирано атрактивно Slope Style Државно првенство на Македонија
Фото 3&4 март и комплетни резултати
skimacedonia



































