За они што сеуште не се информирани од оваа година повторно стартуваше со работа ски центарот Нижо Поле – Стрежево на падинита на Пелистер. Покрај проширувањето на постоечките патеки ЈП Стрежево се погрижи да внесе дополнителна забава и содржини. Тука е сместен и снежниот забавен парк за сноуборд и фристајл скијање кој го управува SSNL Ski & Snowboard No Limits од Битола.

Ски центарот кој го стопанисува ЈП Стрежево има работно време од 9 до 15 часот, а за викенди од 9 до 15:30 часот. Цената на дневна ски карта е 300 денари, а за деца со 14 години 200 денари. Сезонската ски карта е 3000 денари, а за деца до 14 години 2000 денари
SSNL Ski & Snowboard No Limits целосно ја превзема иницијативата во соработка со ЈП Стрежево. Снежниот фан парк располага со 6 боксови, 2 раила, 8 метарски кикер и популарната “Big Air” воздушна перница.
skimacedonia



