Архитектонската фирма од Прага Atelier 8000 неодамна го поднесе својот проект “Kežmarské Hut” на меѓународниот натпревар за дизајнирање на планинарски дом за високите снежни полиња на Словачките Татри. Елегантната коцкеста форма на структурата е ротирана на еден од аглите, создавајќи стрмно наведнати страни, кои заедно со алуминиумското обложување, се дизајнирани со цел да се избегне тешкиот зимски снег да се задржува на структурата. Необичната ориентација дава чувство како падната карпа што се позиционирала во впечатливата позиција. Наменета како престојувалиште за авантуристите на големи височини во текот на целата година, зградата е дизајнирана да биде енергетски неутрална и би работела без потреба за дополнителна енергија од надворешниот свет. Внатрешноста е дизајнирана да биде топол одмор од ладниот надворешен свет. Внатрешните структури се направени од дрвени греди од црвена смрека, со соодветни панели и мебел.
skimacedonia



