Врз најдобриот македонски скијачки репрезентативец Антонио Ристевски, хрватскиот хирург д-р Мирослав Хоспал денес изведе операција на коленото, со што се отстранети проблемите со кои Антонио се соочуваше минатата сезона.
Според извори од тимот на најдобро рангираниот наш скијач според ФИС, операцијата во Крапинске Топлице, Хрватска, поминала во најдобар ред и се очекува Антонио по два месеци рехабилитација да може повторно да се врати на ски патеките.
skimacedonia
