Деновиве финската групација Amer Sport склучи зделка со американскиот ски бренд Armada познат по фрирајд скии и опрема.
Иако Amer Sport изминатата фискална година има пад на продажбата за 3% на 386 милиони долари, скандинавската група покажа дека е заинтересирана за скијањето. Вредноста на купопродажниот договор е 4 милиони долари, а како што изјавуваат од Armada ова ќе обезбеди финансиска стабилност и иднина на брендот кој до сега остваруваше годишна продажба од 10 милиони долари.
Armada наскоро ќе биде дел од зимската група на Amer Sport во кои спаѓаат големи брендови како Arc’teryx, Atomic, Suunto, Salomon итн.
skimacedonia
