Алпите еродираат, големите глечер се собираат се погоре

gornergletscher_gornergrat__2004_2018

Мон Блан и Монте Роса се едни од најпознати планини на Алпите и научниците тврдат дека климатските промени од корен ги менуваат зголемувајќи ја опасноста од одрони на камења и движење на глечерите.

„На местата на каде порано имавше одморалишта, сега  не можете долго да се задржувате поради опасноста од одрони на камења“ „Сѐ што е поголемо од пола јаболко, е потенцијално смртоносно. Планината се менува, но нема дилема дека има сѐ повеќе има поголеми одрони на камења“ изјави швајцарскиот научник и планинарски водич Јан Бетел.

Една од причините е топењето на ледниците кој ги држи карпите и седиментите приковани во текот на целата година. Гледаме јасен тренд на загревање во областа на пермафростот особено по 2010 година, вели експертка на Институтот за истражување на снегот и одроните во Давос. Во лето најгорните слоеви на ледникот се топат. Очигледна е тенденцијата на зголемување на тој стопен слој.

На забрзувањето на топењето на ледникот и топењето на снегот предизвикува влевање вода во пукнатините, што го зголемува притисокот и тоа може да предизвика цели карпи одеднаш да се откачат.

На италијанската страна на Мон Блан на границата со Франција, локалното население е загрижено. Спектакуларниот глечер Планпинсо лизга сѐ побрзо кон долината како резултат на глобалното загревање. На глечерот е поставен радар кој го следи движењето на ледената маса секојдневно.  „Нема ризик за Вал Ферет, дури и да се лизнат 250.000 квадратни метри“ вели климатологот Масимилијано Фацини од универзитетот Ферара.

Тој мисли дека во овој случај предупредувањата се претерани. „Жителите и туристите не се во опасност“, тврди тој.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки