Светски првак, 32-годишниот Аксел Лунд Свиндал прилично брзо се рехабилитираше од повредата на ахиловата тетива и како што најави деновиве му се враќа на скијањето. Норвежанецот пред месец дена најави дека ќе направи се што е во негова можност со цел да настапи на Светското првенство во САД од 2 до 15 февруари.
Заедно со докторите е констатирано заздравувањето и дека сѐ е во ред со неговата нога. Тој од пред три недели не користи медицински помагала и се движи нормално.
skimacedonia
