Кружна тура во траење од два дена, преку Лазова Вила – Ловечка Куќа – Големо Езеро кон Муза.
Зависно од временските услови турата може да виде на 4-5 јули или пак на 11-12 јули.
Ден 1
Стартот на патеката е од паркингот пред инфоцентар на НП Пелистер на 1360мнв. Oд тука по макадам пат по блага угорнина околу 8км. има до Ловечка куќа на 1950мнв. Патеката продолжува исто по широк макадам пат со малце потешки детали се до раскрсница каде се дели патот за Големо Езеро на 2150мнв.
Од тука до Големо езеро патеката е со мала денивелација. Се поминува над Мало езеро и завршува до Големо езеро на 2218мнв. Потешки детали на оваа делница се кривините од 1670мнв,. сè до втора река и од втора река до раскрсница за Големо езеро на 2150мнв. До Ловечка куќа има неколку чешми и река со чиста вода за пиење. Ноќеваме во планинарскиот дом Големо Езеро и крај него.
Ден 2
Од Големо езеро по францускиот пат преку Орлови бари се спустаме на 2110мнв. и од тука качуваме околу 2 км, сингл трак (патека за еден велосипед) и треба туркање на некои места сè до раскрсница на Муза 2230мн. Од тука се спустаме до Остречко седло тука има еден детал каде треба да се внимава патот е со повеке камења. Тука се дели патеката која се спушта по широк макадам пат околу 10км. на 1080мнв. спуст се до пред село Велусина каде е спојот со каналот за вода кој води се до езеро Стрежево од таму по скоро иста висинска разлика до село Лавци на 900мнв.и до црква Св.Атанас одмор.
Крај во Битола градски парк на 600мнв. На овај дел од спојот со каналот има опции за кратење на патеката и од најразлични причини може да се симнеме до најблиските села, исто така има неколку чешми со вода за пиење.
МАПА НА ТУРАТА – http://www.bikemap.net/en/route/3054546-aj-da-vozime-na-pelister/#/z12/40.99078,21.30455/google_hybrid
Лица за контакт
Јован Пауновски 070-445-171 и Јонче Илиевски – Мурато 078-232-132
Следете тековни информации директно на настанот или фан страната.
skimacedonia

