Овој викенд на ден 26.12.2015 и 27.12.201 година (Сабота и Недела) на неколку локации низ државава (Скопје, Битола, Прилеп, Велес и Штип) ќе се одржат хуманитарни трки за собирање фининсиски средства за нашиот пријател Зоран Димов. Настанот се организира за да се искочи во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.
Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика колку ќе истрча.
Поврзи се за Скопје , 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 10 часот
Поврзи се за Битола , 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 18 часот
Поврзи се за Прилеп , 26.12.2015 година (сабота) со почеток во 10 часот
Поврзи се за Велес , 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 12 часот
Поврзи се за Штип , 27.12.2015 година (недела) со почеток во 10 часот
За сите оние кои не се во можност да дојдат, средства можат да се донираат и на следнава сметка:
Жиро сметка-200002938557568 Стопанска банка – Зоран Димов
(при уплатата наведете шифра 562 -уплата по донации)
Се надеваме дека, ние, трчачката заедница ќе настапиме заеднички и дека ќе го покажеме хуманиот аспект на нашиот спорт.
skimacedonia
