ПСК Скопска црна гора организира отворена еднодневна акција до врвот Убава 2353 мнв во недела на 20 декември 2015.
Турата започнува од село Патишка река и се оди до врвот Убава (2353мнв) . Турата е средно тешка и е потребна добра психофизичка подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза во зависност од временските услови.
Поаѓањето е во 6,оо часот од паркингот пред Поштата на железничка станица, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбе од Скопје до с.Патишка река (955 мнв). Бројот на местата се ограничени.Во случај да има слаб одзив ке се оди со сопствени возила
Пријавувањето e задолжително
тел за контакт Дарко 076-274-742
Уплата најкасно до петок 18.12.2015 г во договор со
Коста 075-544-020
Цената за турата е 250 денари.
skimacedonia