Елем Турс објави оглас за работни позиции меѓу нив и раководител на ски центар Водно

Вчера, Елем Турс фирмата ќерка на Електрани на Македонија, која е директно одговорна за ски центрите на Попова Шапка и Пелистер, објави оглас за вработување на раководни лица меѓу нив и за раководител на скијалиште Водно. Преку ова се интензивираат активностите околу идеата за ски центар на падините на Водно, идеја околу која има бројни полемики дали е потребно да има ски патеки или не. Ова е следен потег на Елем Турс по превземањето на проектот од Град Скопје кон крајот на летото кога беше објавен и оглас за ревизија на архитектонско-урбанистички проект, проектот за инфраструктура, идејниот и основниот проект за изградба на ски-центарот Водно.

Во прилог и информацијата околу претходно превземените активности.

Vodno view (6)

Vodno view (5)

vodno centar1

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки