Ишгл (Ischgl), австриско градче сместено на 1377m на Тиролските алпи, на него е сместен истоимениот ски центар Ischgl кој преку брдо е конектиран со Samnaun ски центарот од швајцарска страна. Ова е една од најголемите ски зони на алпите која покрива околу 240 км испеглани патеки и над 45 гондоли, лифтови, жичници и ски лифтови.
Само ќе напоменеме дека тука покрај се останато гостуваат и одржуваат концерти ѕвезди од калибарот на Дип Парпл, Елтон Џон, Тина Тарнер, Бон Џови, Боб Дилан, Роби Вилијамс и доста е затоа што ќе ве боли глава, уживајте во свежите пејсажи направени изминативе 2-3 дена.
skimacedonia






