8-то традиционално искачување на врвот Љуботен на Шар Планина ќе се одржи на 15 Ноември 2015 год. со цел одбележувањето на 13 Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје.
Патеката до врвот Љуботен (2.499 метри) од почетната точка во Старо Село е долга околу 20 км во двата правца. Од Старо Село до планинарскиот дом Љуботен се пешачеше неполни два часа, а од Домот до врвот уште два часа.
Карактеристични точки:
• Старо Село – 900 мнв
• Планинарски дом Љуботен -1.622 мнв
• Врв Љуботен -2.499 мнв
• целосно маркирана планинарска патека која поминува низ шумски терен, а од домот до врв продолжува по пасишен и каменит терен. Вода има само во првиот дел од патеката.
Вкупно времетраење на турата е од 7 до 8 часа.
Учесниците да понесат вода, храна, облека и се што е потребно за еднодневна планинарска тура.
По можност планинарски стапчиња и разгазени планинарски чевли.
Напоменуваме дека планинарите што ќе земаат учество треба да се психофизички подготвени и здрави.
Во 06ч. поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта. Пристигнување во Старо Село околу 07.30ч.
Цена на акцијата 300 ден.
Пријавување и уплата најдоцна до петок 13.11.2015
• Зоран Костадинов 070/641 – 998
skimacedonia
