Општина Берово со нов проект, изградба на водовод и пречистителна станица за туристичката населба покрај езерото, кој според урбанистичкиот план траба да покрие околу четири илјади корисници.

Според општината со реализацијата на овој проект би се решил проблемот со водоснабдувањето во туристичката населба, на кој укажувале сопствениците на објектите, но и самите гости.
Проектот ќе опфати изградба на резервоар со филтер-станица со капацитет од 350 м3 и примарна мрежа за водоснабдување во должина од осум километри, преку која ќе биде опфатена целата туристичка населба.
Со овој проект, општината планира да аплицира на Првиот повик од новата Програма на ИПА за прекугранична соработка во партнерство со општина Сандански од соседна Бугарија.
skimacedonia
