Добро познатиот Боде Милер се шпекулира дека ја завршува својата ски кариера во натпреварите од Алпско скијање имајќи во предвид дека го раскинал долгогодишниот договор со производителот на ски опрема Head. Тоа го потврдија и официјалните лица на Head па се поголеми се гласините за неговото повлекување.
Тој објави дека ја прескокнува следната 2015/2016 сезона од Светскиот куп. Иако се чувствува во одлична форма и инсистира на тоа дека ова не е негово конечно повлекување, изјави дека повеќе сака овој период да го поминува со своето семејство, тестирајќи нова ски опрема и да се занимава со одгледување на нова ергала на расни коњи која ја поседува од неодамна.
Боде Милер е освојувач на да два кристални глобуси, 33 победи, а беше светски и олимпијски победник.
skimacedonia
