Сплитборд пионерот Џереми Џонс издаде и книга

snowboarding-pioneer-jeremy-joness-latest-frontier-writing-a-book-1444332844

Додека повеќето популарни сноубордери користат хеликоптер за пристап до големите планини, Џереми Џонс ги користи сопствените нозе и сила да стигне дотаму и да го одведе овој спорт во комплетно нов правец.

Во партнерство со неговиот брат Стив Џонс и неговата медијска куќа, Teton Gravity Research, “backcountry” експедициите на Џереми  се конвертираа во три високо оценeти филмови Deeper, Further  и Higher кои го популаризираа splitboard движењето. Сега Џереми издаде и книга насловена како “No Words for the Way Down”  издадена за Teton Gravity Research и Funny Feelings.

Книга “No Words for the Way Down”   претставува длабински осврт на сето она што се случуваше при создавањето на овие филмови за повеќе од шест години наназад.

Splitboard-oт претставува сноуборд кој може да се подели на два дела и да се користи  слично како турно скии. Со развојот на оваа технологија се отворија вратите за недостапните терени каде Џереми Џонс и неговата дружина ја создадоа приказната на овие филмови и книга. Сите оние авантури низ ледената дивина, патешествија низ преполните аеродроми, престојот во шаторите и стоење на врвови на кои никој не бил досега.

Во прилог и неговото последно интервју деновиве по повод Телеруд Планински Филм фестивал и неговиот активизам околу климатските промени и грижата за идните генерации.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки