Втора по ред велосипедска прошетка по Прилепско-Мариовско предел на Селечка планина.
Рутата http://www.strava.com/
Тргнување од центарот на градот – Плоштад Александрија. Се упатуваме кон с.Волкосело и с.Чумово. Пауза правиме на Параклисот Св.Петка-Карпата над с.Штавица.После превојот Слива спуст до с.Бонче па продолжуваме кон Кралската гробницата на археолошкиот локалитет „Павла Чука”
http://mk.wikipedia.org/
Искачуваме до с.Марул и се спуштаме до с.Штавица – Праисториско светилиште „Палатица‘‘
– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.
– Секој учесник вози на сопствена одговорност и задолжително е носење на заштитна кацига.
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци и строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и делење од обележаната патека..
Освежителните пијалаци и ручекот се бесплатни и ќе бидат обезбедени за секој учесник. Организаторот го задржува правото за одредени измени на трасата на движење. Фотографиите од турата ќе бидат употребени за промоција и објавени на нашата страна. Информации на тел. 075 439 741 Душко
skimacedonia
