Во организација на ЗГ “Велес Бајкинг“-Велес и Општина Велес, по втор пат се организира “велосипедска off road тура – ПИТИЈАДА 2015“.
Настанот е во склоп на големиот културно-музички настан “ПИТИЈАДА 2015“ кој ќе се одржи во периодот од 09.10. – 11.10.2015 (петок-недела).Стартот на “велосипедска off road тура – ПИТИЈАДА 2015“ е пред влезот на гимназијата “Кочо Рацин“,на ден 10.10.2015 (сабота), со почеток во 10:00 (пред црквата).
За повеќе информации околу регистрацијата за настанот и стартните пакети ќе добиете подетални информации во наредните денови.
Патеката по која ќе се вози исто така ќе ја објавиме во наредниве денови.Треба да се нагласи дека патеката ќе биде релативно лесна со должина од 33-37 км и дека по возењето секој учесник ќе има можност за дегустација на далеку познатата Велешка ПИТА ПАСТРМАЈЛИЈА, заедно со убаво Македонско црвено вино.
skimacedonia
