Тимот на I ♥ Hiking ви организира еднодневна организирана тура со организиран превоз.
Турата започнува од с.Патишка Река 956 мнв па преку месноста Кашкал 1961 мнв се упатуваме кон врвот Мирска Вода 2179 мнв ( планина Караџица – Масив Јакупица ) ( земете апарат за многу добри фотографии) …. Турата е во рангот на полесните тури и нема многу идење … За тие што ќе сакаат да се испукаат ќе може по самиот срт да се упатат до врвот Миленков Камен кој е на 2217 мнв. После традиционалната шопска салата и гоштевањето на врвот се упатуваме кон Бачилото и месноста Бунарче 1879 мнв . Турата е за тие што мрднале малце летово до Водно и некоја тура по некои од нашиве планини, не е за дремачи .
Превозот е организиран со шофер и кошта по 200 ден од човек. Пријавување и плаќање најдоцна до Сабота до 19:00 часот . Местата се ограничени на 17 и предност имаат тие што биле на повеќе тури со нас.
Плаќање и пријавување кај Александар 070 382 751 или кај Дејан 071 212 808 .
Тргнувањето е од кај пошта 2 која се наоѓа на Железничка станица во 05:00 саатот … рано е за да си дадеме повеќе време за уживање во планина ….
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
skimacedonia
