Според реализирана анкета – Попова Шапка најпопуларна меѓу скијачите

Од анкета која ја спроведовме, а во која учестуваа 1609 гласачи на прашањето “Кој е вашиот омилен ски центар (рекреативна зона) во Македонија”, Попова Шапка го држи убедливо водството со 43%, 690 од гласовите, пред ски центарот Маврово 27%, 429 гласови и Копанки на Пелистер со 10 %, 153 гласови.

Popova Sapka freeride catski 05s

Steve Ilievski Karagjule Popova Sapka 2015Понатаму на листата се преостанатие ски центри (рекреативни зони) кои ги предводи Кожуф со 9% и Галичица 5% , па следуваат Водно како рекреативна зона пред центрите во Крушево и Пониква.

И покрај бројните критики кон различни страни и фактори на Попова Шапка и речиси непроменетата понуда со години наназад, Шара е лидер во зоната на интересот кај скијачите. Тоа е доказ плус дека инвестициите во инфраструктурата и туристичките услуги не треба да изостануваат или со години да се одовлекуваат.

Маврово пак како втор најголем ски центар е единствен кој минатата сезона активно ја анимираше публиката и преку низа забави, концерти, натпревари и наградни игри ги привлекуваа скијачите и останатите зимски туристи.

sars mavrovo

snowboard giant slalom mavrovo polar skimacedonia

mavrovo ski centar

На Пелистер, иницијативата главно ја превземаат приватни клубови и ентузијасти кои во голема мера придонесуваат, ски центрите Копанки и Стрежево како и Пелистер во целост да бидат се по приметливи на ски мапата како дестинација за алтернативно скијање и фрирајд.

SSNL Pelister freeride catskiing (4)

Strezevo nizo pole pelister (6)

SSNL Pelister freeride catskiing (3)

Детален преглед на резултатите

Кој е вашиот омилен ски центар (рекреативна зона) во Македонија?

  • Попова Шапка (43%, 690 Votes)
  • Маврово – Заре Лазаревски (27%, 429 Votes)
  • Пелистер – Копанки (10%, 153 Votes)
  • Кожуф (9%, 143 Votes)
  • Галичица (5%, 75 Votes)
  • Водно (3%, 46 Votes)
  • Крушево – Станич (3%, 41 Votes)
  • СРЦ Пониква (2%, 32 Votes)

Вкупно гласале: 1.609

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки