REEL ROCK го објавија возбудливиот line-up на светската премиера на филмовите кои треба да бидат вклучени на REEL ROCK 10. Оваа есен REEL ROCK ќе ве однесе на диви експедиции низ острите врвови на Патагонија, во жестока конкуренција во шумските предели на Арканзас и високо на големите ѕидови кои ги означија големите достигнувања на нашето време. REEL ROCK 10 оваа есен ќе ни ги донесе следните филмови:
A Line Across the Sky
Инспиративен и изненадувачки смешен извештај за траверсата на Томи Колдвел и Алекс Хонолд на Фицрој масивот, репер за модерниот алпинизам кој заработи Piolet D’or.
High and Mighty
Нездраво тежок болдеринг кој ја прикажува епската битка на Даниел Вудс да се искачи на високото и мачно парче The Process.
Showdown at Horseshoe Hell
Најдивиот качувачки настан, мешавина на ултрамаратон и Burning Man, каде што качувачката елита и почетниците се распаѓаат во 24-часовно дивеење.
Меморијал за најголемата авантуристичка икона на вертикалите на една генерација.
Dawn Wall Exclusive Excerpt
Никогаш не прикажани снимки од епскиот последен удар на Томи Колдвел и Кевин Јоргесен слободно да го качат Dawn Wall, историски подвиг кој го фасцинираше светот.
Очекувајте го REEL ROCK 10 оваа есен!
skimacedonia



