По едно шише вода за реконструкција на планинарската кула на Титов Врв

АПЕЛ ЗА ПЛAНИНАРСКА СОЛИДАРНОСТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПЛАНИНАРСКАТА КУЛА НА ТИТОВ ВРВ, ШАР ПЛАНИНА

Почитувани планинари !
Планинарското еколошко друштво “Аргентус моунт“ од Тетово од минатата година иницира и започна акција за реконструкција на Планинарската кула на Титов врв што претставува симбол на планинарството во Република Македонија. За нејзината реконструкција потребно е покрај другото и поголема количина вода потребна за оформување на малтерот потребен за реконструкција на разурнатите делови на зидовите.
Апелираме и замолуваме секој планинар кој ќе учествува на престојниот традиционален марш од Попова шапка до Титов врв на 24 мај 2015 година да понесе по едно пластично шише и кај реката под врвот Казањ да го наполни и однесе до Кулата каде ќе се прифати од планинари на ПЕД“Аргентус моунт“.
Шишињата може да се подигнат на стартот на маршот пред хотелот “Попова шапка“

Ви балгодариме за вашиот придонес.

ПЕД “Аргентус моунт“- Тетово

Titov vrv planinarski dom Argentus mount

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки