Тажната страна на НП Галичица – Преспанскиот регион

За разлика од Oхридската ривиера како дел од Националниот парк Галичица, преспанската страна во 2015 година во однос на славните девеесети години од веќе минатиот век претставува тотално девастирана ривиера. Ако порано Преспанскиот регион го карактеризираа средени плажи и хотели каде што се случуваа разни настани и каде што претстојуваа бројни туристи, денес посебно страната кон Галичица, Стење и Отешево претставува дивина во вистинска смисла на зборот, запуштени плажи, слаба туристичка понуда, минимална инфраструктура како корист за посетителите.

Дивината има свои позитивни страни за активниот туризам, но сепак апокалиптичните сцени на разрушените хотели сведоци на едно време оставаат горка слика за сите посетители. Во прилог кратка свежа видео репортажа од гордоста на Преспа, хотелот Европа – Отешево или барем она што остана од него, хотел кој беше единствен ексклузивен хотел на брегот на Преспанското Езеро.

Во 2005 година  авто кампот Отешево и двата хотела Европа и Југославија беа купени од Португалскиот инвеститор Аквапура, но до ден денес фамозните најави и проекти сеуште стојат во нечиј залог.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки