Traction Camp во Македонија во ко-организација на USAID-REG, NewMan’s Business Accelerator и CCC Startups
25 амбициозни регионални основачи на старт-ап компании за технолошки производи во развојна фаза, што ќе бидат селектирани од Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, ќе добијат можност да присуствуваат на 3-дневен Traction Camp со шест лидери за старт-ап бизниси и експерти од Силиконската долина, во периодот од 9 до 11 јуни 2015 година, во Маврово, Македонија.
За време на 3-дневниот Traction Camp ќе бидат реализирани повеќе од 40 часа работилници, ќе се споделува меѓусебно искуство и ќе се усовршува презентирање пред потенцијални инвеститори.
Кој стои зад TRACTION Camp?
TRACTION Camp е организиран од страна на USAID-REG во соработка со NewMan’s Business Accelerator и CCC Startups.
Дали се предвидени награди?
Наградите за сите учесници се обезбедени од страна на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, и тоа: основачите што ќе го освојат второто и третото место ќе добијат 30% попуст за учество во Смарт-ап центарот или пак за учество во ексклузивната програма на Акцелераторот за поставување на старт-ап компанијата во Силиконската долина и настап на америчкиот пазар. Победникот на Traction Camp ќе добие пак 50% за користење на бенефитите и од двете програми на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.
Победниците ќе се одредат од страна на жири комисијата за време на третиот ден преку презетнација односно pitch на нивната старт-ап идеја, каде учество ќе земат и основачите на Њу Менс Бизнис Акцелераторот Ирена Чаушевска и Владимир Трајковиќ.
Која е целта на TRACTION Camp?
Целта на TRACTION Camp е 25 амбициозни регионални основачи на старт-ап бизниси е:
- – подобро да го разберат пазарот за нивниот производ и да ги проценат потребите на клиентите
- – да ги подобрат личните вештини за претставување на производот пред клиентите и инвеститорите
- – да ги подобрат перформасите на нивните производи
- – да имаат поголема успешност во истражување,
– валидирање и развивање на каналите за дистрибуција и продажба
Ментори на TRACTION Camp?
Shira Abel – Извршен директор на Hunter & Bard, маркетинг агенција која работи со стартапи и претприемачи – фокусирана на брендирање и бихевиорално инженерство и градење на бренд.
Alina Adams – претприемач со напредна диплома во инженерство и бизнис. Работи со компании, групи на инвеститори, акцелератори и претпиемачи во Силиконската Долина, за изградба на екосистем за иновации.
Elina Zheleva – работи со корпорации, стартапи и јавни организации, помагајќи им да имплементираат методологија за кретивно размислување.
Vitaly Golomb – претприемач, инвеститор и дизајнер, основач и извршен директор на PrintMo.com. Vitaly исто така е генерален патнер во CCC Startups, креира екосистем за стартапи фокусирајќи се да ја доближи Силиконската долина со Европа.
Dmitry Matskevich – дипломиран математичар, со-основач на Flocktory, социјален е-комерцијален интегратор. Директор на CRM и специјалист за проекти во Wikimart.
Max Gurvits – со-основач на првиот онлајн сервис провајдер во Холандија во 2008 година, генерален партнер во CCC Startups, креира екосистем за стартапи фокусирајќи се да ја доближи Силиконската долина со Европа.
skimacedonia
