
Во среда на 22 април швајцарскиот качувач Дани Арнолд успешно ја качи северната страна на Матерхорн во рекорно време од еден час и 46 минути. Неговото време беше побрзо за десет минути од претходниот рекорд поставен од Ули Штек во 2009. Арнолд качуваше во слободен стил следејќи ја рутата Шмит исто како и Штек со мали отстапки во горниот дел.
Арнолд го започна искачувањето на 1100 метри високиот ѕид во 8 часот и 34 минути, а еден час и 46 минути подоцна ја стопираше штоперицата, иако не се чувствувал добро на почетокот, чувствувајќи се безмалку болно, сепак продолжувајќи понатаму во добар ритам. „Не бев доволно брз, но единственото нешто кое е значајно е ритамот“, изјави Штек. „Нормалните“ планинари обично ја искачуваат северната страна за осум часа.
skimacedonia
