
Во недела на 3 мај, планинарскиот клуб Македон организира oтворена еднодневна акција на врвот Љуботен (2499 м.н.в.). Турата започнува од с. Старо село (900 м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом Љуботен. Првата кратка пауза е кај домот по 2 часа пешачење, од каде се продолжува до врвот.
Оваа веќе стандардна тура не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел каде се очекува да има и снег. Од опрема задолжително треба да се понесат солидни планинарски обувки, гамашни, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време, а од храна лесна храна/овошје. Вода може да се наполни во Старо село и во домот (од домот до врвот нема чешми).
Основни информации:
Поаѓањето е во 6ч од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село. Бројот на местата се ограничени. Пријавувањето задолжително се извршува на e-mail или по телефон на tonidimitrov@gmail.com или 072 24 39 39. Рокот за пријавувањето и уплаќањето е најкасно до четврток 30 април 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената на турата е 350 денари.
Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво.
skimacedonia
