Еко-акција на Водно организирана од радиот Бубамара

Чисто и зелено Водно, голема забавна еколошка акција по повод 20 години на радиото “Бубамара”. Радио “Бубамара” ќе прослави 20 години постоење со еколошка акција, која ќе започне во сабота, 25 април, на Водно. Акцијата е под мотото “Чисто и зелено водно”. Пораките што ги праќа радиото “Бубамара” со кампањата се “Не е време за на улица, време е за во шума” и “Да го исчистиме ѓубрето од Водно”.

Се повикуваат граѓаните кои во следните две недели ќе го посетат Водно или било која планина, да земат со себе ќесичка и да соберат барем по десет отпадоци, а ѓубрето да го фрлат во контејнери. Акцијата е доброволна и во неа можат самоинцијативно да се вклучат сите граѓани, компании и институции,  под мотото: Кој сака и може, нека чисти ,а кој несака – барем да не фрла ѓубре во природата, изјави Ранко Петровиќ од Радио Бубамара.

vodno eko akcija 1

На околу 20 пункта ќе бидат поставени контејнери и канти за селектирање на отпадот. Во акцијата ќе може да учествуваат сите граѓани, ќе бидат вклучени Црвениот крст, планинарски и маунтбајк друштва, здруженија,средни училишта, академици, а поканети се и вработените во Град Скопје, скопските општини, рекреативците и сите оние граѓани што ја сакаат природата и го знаат значењето на чисто и пошумено Водно.
Акцијата ќе почне со мал еколошко-планинарски концерт, со големи музички ѕвезди.

vodno eko akcija 10

Влатко Стефановски при најавата на акцијата рече:

– Порано имаше еден слоган: Засади ја својата иднина,јас би додал: засади ја својата иднина – ама не го сечи своето минато! Затоа треба да ја чуваме секоја зелена гранка,да не дозволиме да биде сечено било кое зелено дрво, во име на некоја бетонска зграда.

Аки Рахимовски изјави дека во потполност се согласува со Влатко и  дека  е среќен што е денеска заедно со него во својот роден град Скопје.

– Се сеќавам дека како дете секогаш за Први мај со целото друштво се качувавме на Водно и уживавме во чистиот воздух

vodno eko akcija 11

vodno eko akcija

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки