Реализиран и 4-ти Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле, Попова Шапка 2015

Извештај – 4’ Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле, Попова Шапка 29.03.2015

По магливо време на падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалното четврто издание на велеслаломот за деца „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“ во организација на МК Александар и СК Љуботен.

На патеката Пионерско Брдо на Попова Шапка во сите 10 категории имаше одлични борби за првото место. Малите виртуози на скии ги заслужија сите аплаузи од публиката со оглед на густата магла која најпрво го одложи, а потоа на неколку пати го прекинуваше одвивањето на натпреварот.

На четвртото издание на велеслаломот за деца од 5 до 15 години „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“ учествуваа 84 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Косово и Македонија, а најуспешни по категории беа:

  • Снегулки – женски: Клара Сефај (Косово)
  • Снегулки – машки: Лум Спахиу (Косово)
  • Помлади цицибанки: Лирика Дева (Косово)
  • Помлади цицибани: Клос Вокши (Косово)
  • Постари цицибанки: Ивана Радовиќ (Црна Гора)
  • Постари цицибани: Дрин Кокај (Косово)
  • Деца 1 – женски: Мина Ковачевиќ (Црна Гора)
  • Деца 1 – машки: Панче Јовановски (Македонија)
  • Деца 2 – женски: Лидија Симјановска (Македонија)
  • Деца 2 – машки: Виктор Петков (Македонија

 

Седмиот Куп натпревар и четвртиот Меморијал натпревар во скијање за деца: КУП на “СТЕВЕ ИЛИЕСКИ-КАРАЃУЛЕ“.

Се натпреваруваа деца на воздраст од 6 до 16 години, распоредени во повеќе категории.
Иако имаше пријавено повеќе од 100 натпреварувачи и покрај лошите временски услови, на натпреварувањето се појавија 86 натпреварувачи.
За најдобрите беа доделени медали и дипломи, а за најмалите снегулки беа доделени пехари во машка и женска конкутенција, што ги доделија синот Влатко и ќерката Елена на сега покојниот Стеве.
Организатори на купот беа Скијачки Клуб “Љуботен“ Тетово, и Мото Клуб “Александар“ од Скопје.
Истите се потрудија да: патеката биде соодветно подготвена, мерењето биде професионално изведено, се водеше сметка за информирање на публиката, како во текот на натпреварот, така и за постигнатите резултати, за натпреварувачите беа подготвени сендвичи, вода како и блакце.
Сите гости искажаа огромно задоволство и поддршка за тоа што го работиме.
А во име на организаторот морам да напоменам дека истото нема и неможе да се одржи ако не е поддржано од луѓе, граѓани и претпријатија кои нескромно ја поддржуваат оваа манифестација, а тоа се:
– Горско Спасителна Служба –Тетово, секоја година се со нас доброволно и беспоштедно се залагаат да натпреварите поминат без повреди и последици и совесно ги чуваат малите на стаза
– Полициско Одделение: „Попова Шапка“ при Сектор на МВР – Тетово
– „ЕЛЕМ – ТУРС“ – Подружница – Попова Шапка, кој ни обезбедува превоз до падините, подготовки на стазата, а оваа година ни излезе и во пресрет и со опрена
– Хартија Комерц – Тетово, кој Редовно ги донира Пехарчињата за најмалата снегулка
– Гостилница “Коко“ и Месна индустрија “КАРНЕМ“ од село Зубовце, Гостивар, кои секоја година обезбедуваат сендвичи за дечињата
– Здравко Витаноски, кој секоја година обезбедува вода за такмичарите
– Д-р Зоран Митрески – Манта, кој не не напушта секоја година
– Аудио Центар “ЗОКИ“- Тетово, секоја година ни обезбедува разглас
– Бутици “Мики“- Тетово
– Собрание, Социјал клуб – Тетово
– “Веле Метал“ -Тетово
– “Еуро Метал Мебел“ – Тетово
– АМДТ Тетово
– “Бургер Хаус“ – Тетово
– МАКСИ_ЛС Тетово
– “Цока Јуниор“ Тетово
– Ресторан “Сенатор“ Тетово
– “КОНАК“ Попова Шапка, кој сегоја година на нас како организатори, така и на гостите им овозмозува срдечен пречек и пријатен престој,
– Секако посебна благодарност на поставувачите на патеката и капијарите, кои беспоштедно и по секакви временски услови ја поставуваат и ја контролираат стазата, или “дечки без кои не се може“.
Со овие помагатели, луѓе и фирми од градот Тетово, оваа манифестација ќе живее.
Некој би прашал: – па кои се вашите спонзори…???, А јас би рекол: – нам не ми требаат Спонзори, ние имаме луѓе граѓани кои не поддржуваат во тоа што го работиме и веруваат во нас!!!
Со посебна почит од Организаторите:
За Скијачки Клуб “Луботен“, Горан Синадиновски
За Мото Клуб „Александар“, Велибор Каевски
29.03.2015, Попова Шапка, Тетово, РМ

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки