Aвстриецот Марсел Хиршер е првиот во алпското скијање, кој освоил четири кристални глобуси во Светскиот куп едноподруго. Неговиот директен конкурент, норвежанецот Кјети Јансруд не настапи на трка во слалом во Марибел и со тоа ги скрати моментите за прашањето кој ќе биде шампион, но и благодарение на грешката на Феликс Нојројтер.
Марсел Хиршер има 26 години и е еден од петте луѓе во историјата кои освоиле четири големи кристални глобуси.
Кај жените се гинеше, Тина Мазе и Ана Фенингер директно одлучуваа за титулата, најдобра скијачка на светот. Но сепак Фенингер е заслужено најдобра затоа што ја одбрани титулата во генералниот поредок, а сезонава ја освои тројната круна освојувајќи ги и двата мали кристални глобус во велеслалом и суперкомбинација. Титулата на Тина Мазе и избега за неколку стотинки непобедувајќи во велеслаломската трка во Мерибел.
skimacedonia
