Пет жени од од неколку земји (Македонија, Франција, Швајцарија, Русија) меѓу нив и алпинистката Илина Арсова, за меѓународниот ден на жената 8-ми март реализираа посета на една стара земја и стара култура, фасцинантниот Иран.
Целта на посетата беше нивно запознавање со дотогаш за нив непозната снежна “сестра” Мона, сноубордерка од Иран и споделување на искуствата со неа. Како и одблизу да се запознаат со културата на Иран од еден поинаков агол и да ги охрабрат жените да напредуваат и да бидат самоуверени, свои, едноставно да бидат “hard core” во насока на остварувањето на своите спортски потфати и проекти.
skimacedonia




