Пробајк Скопје – Втора тура од Рекреативниот Календар за оваа година.
Во недела на 15.03.2015 се вози до ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО.
Тргнувањето е од плоштад Македонија во 09.00 часот. Се вози по стариот пат за Катланово, па нагоре по брдото одиме за Велеско Езеро (со неколку бонжити паузи – за да се групираме).
На Велеско езеро пауза (пиво, кока кола, јадење, салата, сендвичи од дома, кој како сака) и потоа назад за Скопје.
Расположение, кацига и исправен велосипед е доволно за да дојдете на турата (нормално и физичка подготвеност)
Турата ќе фати околу 96 км. *Секој вози на сопствена одговорност.
Километражата што ја објавуваме секогаш е измерена од Плоштад до Плоштад, а кој од каде доаѓа е плус километража. Оваа рекреативна тура е малку потешка од Лешок така да вежбајте ова недела.
skimacedonia
