На патеката „Мирна долина“ на Маврово в сабота и недела ќе се одржи 52. издание од меѓународната манифестација во нордиско скијање „Мавровски меморијал“
Ова е од најстарите македонски спортски манифестации и се очекува да настапат најдобрите балкански нордиски скијачи во машка и женска конкуренција од седум земји со вкупно 54 учесници во машка и женска конкуренција од кои 18 се од македонската репрезентација.
Агенцијата за млади и спорт како институција која се грижи за развој и популаризација на спортот, настојува да се приближи до современите светски теркови за унапредување на вредностите на општеството и државата. Токму со одржувањето на „Мавровскиот меморијал“ ние ја продолжуваме традицијата на големи светски настани одржани во Република Македонија. Влогот на многумина низ изминативе 52 години во организирањето на овој настан придонесе „Мавровскиот меморијал“ да прерасне во настан кој го промовира Маврово и Република Македонија, оставајќи траен белег во спортот, изјави директорот на АМС Марјан Спасески.
„Најсилната балканска конкуренција ќе биде тука во Маврово, за разлика од другите манифестации од регионот. Веселин Цинцов е најзвучно име кај мажите, а тука се и Хрватот Дади Чеди и нормално се очекува силен натпревар. Антонија Глигорова од Бугарија е со нависок рејтинг кај дамите, а тука е и Ведрана Мамец од Хрватска. Росана Кировска е нашиот фаворит на овој меморијал, а во машка конкуренција очекуваме добар резултат од Дарко Дамјановски“, вели директорот на „Мавровскиот меморијал“, Ѓоко Диневски.
Стартот е закажан за сабота во 10 часот. Патеката ќе биде долга 2,5 километри, на надморската височина од 1.600 метри.
skimacedonia
