Како најдобро да спакувате ранец

winter-hiking-mountain-skimacedonia

Пред да тргнете на планина и во природа важно е паметно да ги одберете работите кои ви се потребни и ефикасно да ги спакувате во ранец, се со цел да бидете што помалце оптеретени. На еднодневни тури понекогаш  доволна е вода и малку лесна храна. Листата на приоритети се разликува од годишното време т.е периодот кога одите во природа. Некое правило е да не носите ранец над 1/3 од својата тежина. За планинарска тура со едно ноќевање потребни се:

Шатор, подлога за вреќа, вреќа, челна ламба  запалка за оган, прибор за храна (обично метална шоља која може да се користи за супа, загревање храна и сл.), нож, прва помош, резервна основна облека, мапа, компас, средство за дезинфекција (влажни марамици), кеса за отпад.

pakuvanjeranec mk

За пакување и редење најдобро е на неговиот под односно страната свртена кон грбот се редат по редослед најтешките и гломазни работи па се ставаат полесните. Сместувањето на потешките работи кон грбот блиску колковите и половината обезбедува баланс во товарот. Кон врвот на ранецот и во горните џебови се ставаат лесните работи, оние работи кои сакаме да ни бидата лесно достапни и храна која ќе се зачува од уништување.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки