Обуки за ориентација во организација на ПК Трансверзалец

ПД Трансверзалец организира обуки за ориентација во текот на Февруари и Март месец 2015 година. Обуките ќе бидат реализирани преку 5 теоретски предавања и 3 практични вежби на терен. Теоретските предавање ќе се одвиваат во термините 18.02.2015 25.02.2015, 04.03.2015, 11.03.2015, 18.03.2015 во време од 19.30 до 20.30 часот во просториите на ПД Трансверзалец- Студентски парламент пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. По завршувањето на теоретските обуки предвидено е одржување на 3 практични часа во природа во Градски Парк, Попова Шапка и Водно со користење на топографски карти изработени од ПД Трансверзалец.
На сите учесници во обуките ќе им биде овозможено да земат учество во годишната лига на ориентација- учество на натпревари во Р. Македонија и странство.

Обуката ќе биде водена од лиценцирани предавачи за ориентација.

Цена на обуката е 1000 ден( во цената се вклучени материјалите за обука, топографски карти и книга за ориентација). Обуката ќе се одржи доколку се пријават минимум 5 учесници.

Пријавување за обуката најдоцна до 17.02.2015год. на телефон 070/367 -372, 070/641-998

obuka za orientacija pk transverzalec

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки