Ски инфо – Снегот деновиве ги врати во форма Шапка и Маврово

Снегот што паѓаше изминатите денови во голема мера ги подобри условите за скијање на Попова Шапка каде има нови 30 см снег. Иако е далеку од доволно со оглед дека патеките беа скоро празни сепак скијањето на патеките е добро, а за следните денови се очекува ова темпо на врнежи од снег да продолжи паралелно со температури под нулата.

ski centar popova sapka

Во Маврово на Бистра снегот додаде нови 15 см , вчера беа во функција сите лифтови освен Белички лифт, но на стазите под жичниците фалат дополнителни количини снег. На Копанки има снег на горната патека кај ски лифтот, но дополнително ќе објавиме доколку работи центарот. Во останатите ски центри скијањето е во прекин  заради недостаток на снег.

ski centar mavrovo

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки