Македонскиот скијач, младиот Лука Божиновски на ФИС натпреварот одржан во Кенмор, Канада имаше одличен настап за Македонската репрезенатција и се пласираше на 41 место во велеслаломската трка, притоа освои 97.79 фис точки.
Во првото возење Божиновски се пласираше на 59 место со послаб резултат – 137.78 фис точки (помалку точки, подобар резултат). Инаку Лука Божиновски е роден 1998 година во Скопје, а веќе 12 години живее во Алберта, Канада, но настапува за Mакедонската репрезентација.
За Спортмедиа, селекторот Иван Лесевски изјави дека Божиновски е млад и талентиран, но треба да се почека за да се види во кој правец ќе се развива неговата кариера.
За Светското првенство во Бивер Крик, САД, од 2 до 15 февруари 2015 година, планира да настапи со поброен тим, во кој најголеми очекувања, секако, ќе имаме од Антонио Ристевски, спортистот на град Скопје за 2014 година, кој на Зимските олимписки игри во Сочи годинава оствари историски резултат – се пласира на 29. место во слаломската трка.
skimacedonia
