Германецот Феликс Нојројтер ја грабна победата во слаломот во Мадона ди Кампиљо, втор беше неговиот сонародник Фриц Допфер, а трет Јенс Бјигмарк. Топлото време ја направи ски патеката премека и покрај големите напори на организаторите.
Марцел Хиршер ја продолжува доминацијата во техничките дисципини со победата во велеслалом во италијанската Алта Бадија. Тој по скоро истрошената патека ги остави зад себе Нојројтер, Пинтураулт, Нани, Допфер. Втор заврши Тед Лигети со 1.45 секунди заостанување, трет Фанара Томас од Франција. Голем успех во натпреварите имаше младиот Филип Зубчич од Хрватска со седмо место на листата.
Елизабет Гергл заокружи одличен викенд на падините на Валдизер, триумфирајќи на супервелелаломската трка. Патеката ја извозе за 1:25.42 и за само пет секунди го надмина времето на Ана Фенингер. Третото место го освои водечката во генералниот пласман, Тина Мазе.
Во женската трка во спуст, што се возеше во сааботата во швајцарски Валдизер во рамките на Светскиот куп за жени во алпски дисциплини, најдобра беше Американката Линдзи Вон, која имаше време до 1:44,47 минути, пред Елизабет Гергл од Австрија и Викторија Ребенсбург од Германија кои го поделија второто место.
skimacedonia
