Сместена на надморска височина од 810 па до 1600 метри Крањска Гора во Словенија и не може да се пофали со некои добри услови посебно во алпски поим со стази во најголем дел на околу 1000 метри. Но тоа и не е некој посебен проблем затоа што центарот располага со 50 топови и стотина таканаречени жирафи – помали рампи за создавање на снег.
Според информациите на одговорните од центарот еден снежен топ прави од 10 до 50м3 снег на час па доколку временските услови се идеални во текот на три редоследни дена може да се заснежи поголемиот дел од патеките.
Поголемиот дел од системот е изграден пред 15 години со 20 км цевководи и топови кои обезбедуваат посигурна ски сезона.
Крањска Гора веќе деценија наназад како дестинација е атрактивна и привлекува голем број на туристи во текот на целата година.
skimacedonia

