Топлото време низ Европа ги одложува најавените отварања на ски центрите

Топлото време низ Европа ги одложува повеќепати најавените отварања на некои ски центри посебно во Италија, Франција, па и во нашиот регион. Без поголема бучност алпските ски центрите стартуваат со делумна работа особено во повисоките зони на некои алпски региони над 2000 метри.

CORTINA D'AMPEZZO
Кортина ДиАмпецо

Италијанскиот дел од алпите и ски центрите кои лежат на таа страна мака мачат со неповолните услови и температурите над нулата со што се оневожможува работењето на топовите за снег. Најавениот снег и заладување и не ги исполни очекувањата, па центрите ги одложуваат отварањата.

Во регионот македонските центри најавија отварање од средината на декември или пак се до оној момент додека не падне сериозен снег, затоа што топови или нема или се наоѓаат во средини како Крушево или Пониква кои периодов исто така држат висока температура. Кај нас слаб снег има само во повисоките региони на Кораб, Шар Планина, ски центарот Попова Шапка во делот на Церипашина и во другите планински региони во зоната над 2000-2200м.

popova sapka-webcams051214
Попова Шапка

Слично со најави е и во Банско и Боровец во Бугарија, но и таму температурите се неповолни барем сега за сега. Српски Копаоник најави старт на 1 декември но ладниот бран кој се очекуваше баш и не создаде услови за планираната работа на топовите за снег, освен потоп  и леден дожд во други региони на Србија.

kopaonik
Копаоник
Borovez
Боровец

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки