Whitepod e модерен еко планинскиот центар во Швајцарија, лоциран во селото Лес Черниер (Les Cerniers) близу француската граница. Овој ресорт сместен на висина од 1400 метри, располага со високо-технолошки игло објекти изградени на дрвена подлога, пионерски чекор од архитектонски аспект.

Петнаесетина делукс апартмани уредени во еко пријателски стил нудат ексклузивно доживување компатибилно со планинскиот пејзаж. Покрај пејсажите кои се прилично импресивни, на располагање се приватни ски патеки, разни зимски активности, забави, вкусна традицонална храна зготвена од професионален готвач. Накратко сликите сами по себе нудат доволно информации, а инаку цените и “не се многу страшни”, има понуди и од 1000 евра за две лица за две ноќевања.
skimacedonia



