Алпскиот скијачки клуб Скади од Скопје деновиве е повторно на припреми во Австрија на глечерот Хинтертукс каде покрај светската елита може да се сретнат и нашите пионери од македонското алпско скијање.
Овие тренинзи се дел од зацртаната програма на клубот Скади за летниот период, јуни, август, октомври и ноември се месеците кои се планирани за тренинз на Хинтертукс глечерот. Во моментов таму се Јана Атанасовска и Андреј Костовски актуелни двократни државни прваци и освојувачи на многу меѓународни натпревари. Целта на посетата е усовршување на основната техника, натпреварувачко капијарско скијање и одржување на континуитет во формата и скијањето, изјави Александар Атанасовски-Чаве тренер на овој млад тим.
Инаку глечерот Хинтертукс во Австрија лоциран на 3000 метри нуди големи можности и услови за совршени тренинзи благодарение на патеките и стазите каде е овозможено непречено поставување на капии.
Од АСК Скади напоменуваат дека голема поддршка и помош добиваат од селекторот Иван Лешевски кој несебично асистира низ сите можни аспекти на организација, комуникација и совети имајќи го во предвид неговото богато дваесет годишно искуство на овој глечер.
skimacedonia





