Реализирана Тур де Галичица

Како и сите добри настани, така и Тур де Галичица е инициран сосема случајно, но уште од стартот покажа голем интерес кај љубителите на планинскиот велосипедизам заради атрактивноста на преспанскиот регион и националниот парк Галичица.turdegalicica70-на километри пат комбинација од пејсажи покрај езеро и планина се навистина атрактивна тура, патека која поминува преку преспански села и туристичката населба Отешево, преку ски центарот Суво Поле и Асан Џура на висина до 1550 метри.

Придонес и задоволство покажаа и организаторите и помагателите на настанот кои најавија оваа тура да стане редовен организиран настан секоја година со што би придонеле кон афирмација на убавините на преспанскиот регион. Викендов Тур де Галичица беше посетена од стотина велосипедисти.tur-galicica1

Детали од турата на следниот линк К4Т

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки