Изработен е мастер планот за Галичица, МЕПСО бара инвеститор за нов ски центар

АД МЕПСО објави Покана за пројавување на интерес, во име на Владата на Република Македонија и во својство на одговорна фирма за имплементација на проектот, со којa се бара реномирана компанија која ќе инвестира во развојот и изградбата и ќе стопанисува со ски центарот и одмаралиштето „Галичица“.

Galicica_resort-5

Агенцијата за имплементација (АД МЕПСО) изработи Физибилити студија и Мастер план за изградба на ски центар и одмаралиштa во НП „Галичица“. Проектот е во неколку фази и опфаќа две гондоли за осум патници, седум ски лифтови од кои два до три четворосед жичници, ски лифтови тип сидро и подвижни ленти кои се високо безбедни и наменети најмногу за деца и почетници.

Galicica-ski-centar-5

Една гондола треба да поаѓа од регионот над с.Пештани на базна станица од 840м со една меѓу станица на 1580м и крајна станица на 1890м, а втората гондола (опционална во мастерпланот) која би требало да се гради во последната фаза, треба да го конектира преспанскиот дел, преку туристичката населба Отешево до платото на Суво Поле на висина од 1480м каде што се наоѓа базата на постоечкиот ски центар кој не работи подолго време.

Според проектот, ски центарот Галичица се планира да биде центар од средна големина со капацитет да прими околу 3500 скијачи дневно, капацитет на ски лифтовите 8800 скијачи /час и околу 12км должина на ски патеки. Во рамките на центарот се планира вештачка акумулација, систем од снежни топови за правење на снег, специјални ратрак машини кои покрај основната опременост ќе мора да имаат и дополнителна опрема, витло за совладување на стрмни нагиби и над 70%.

PistenBully_600_W_Polar-Bild_10

Низ целиот комплекс предвидени се и дополнителни помали туристички објекти, ресторани, хотели и забавни содржини плански организирани и корисни во текот на целата година (карпи за качување, патеки за велосипедизам). Покрај патеките за алпско скијање, предвидена е патека за нордиско скијање, а целиот ски комплекс ќе се протега на висина од 1580м до 1930м.

Galicica_resort-2При анализата на планинскиот терен, земен е во предвид и јужниот дел попознат како Стара Галичица каде се наоѓаат и највисоките врвови Магаро 2252м и Кота Ф10 2.265 м, која според анализите нуди многу поволни ски услови имајќи во предвид дека тој дел од Галичица е свртен кон север, северо-исток,  со големи долини и теренски нагиб од 40-70% и ниска сончева изложеност, каде снегот се задржува подолг период. Но сепак не е опфатена со моменталниот проектот за развој на инфраструктурата во рамките на ски центарот.

Galicica-ski-centar-1

Galicica-ski-centar-2

Galicica-ski-centar-3

Galicica-ski-centar-4

 

funpage

 

           

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки