11 Меморијален марш „Чичко Јосиф Илковски 2014

Во чест на нашиот драг колега-планинар, писател, борец за Македонија како пристојно место за живеење, кој трагично загина бранејки ја убавината на нашата планина Китка „Јосиф Илковски 1924-2001„

josf

Мото на маршот е заветот на Чичко Јосиф „Човеку-нечовеку, границата твоја е доброто-злото„

Основна цел е масовно вклучување на граѓаните во планинарството како спорт за своја душа и тело.Искачувањето на Китка ви овозможува прошетка по прекрасните падини за цела фамилија, без оглед на староста и полот. Да почуствувате задоволство на победа, зошто секој кој ќе се искачи на врвот е победник. Маршот е составен од две патеки и тоа:

1. Екстремна патека– се оди од планинарски дом „Чеплес„ -Солунска Глава (2540 м.) -Бегово поле-планинарски дом Караџица – Алдинци – Преслап – планинарски дом Китка – Горно Количани. Патеката е долга 58 км со 2620 м. висинска разлика и се пешачи 19 ч. Зборно место планинарски дом Чеплес на 11.04.2014 во 07 ч. Бројот на учесници е делумно ограничен поради нокевање во планинарските домови Чеплес и Караџица/150 ден /исхрана од ранец.

2. Рекреативна патека– с.Горно Количани – планинарски дом Китка – с.Горно Количани. Должина на патеката е 8100 м. со висинска разлика од 780 м. и се пешачи 2:30 ч. и 2 ч. за враќање.

Зборно место на 13.04.2014 пред ПТТ Железничка станица во 08 час. Бројот не е ограничен. Организаторот обезбедува превоз на релација Скопје-Горно Количани-Скопје на 13.04.2014 – цена 150 ден.Исхрана од ранец, обезбеден чај/маица 160 ден. Во 13 ч. Ке се положи цвеке и ке се одржи пригодна беседа за нашиот драг пријател Јосиф Илковски.

  • Право на учество има секој кој се чуствува здрав и способен за ваков предизвик и сака да партиципира во чествувањето за Чичко Јосиф.
  • Патеката е одбележана со црвен круг и внатре со бела боја или црвена со бела линија, или црвени и жолти знаменца.
  • Однесување на патеката – секој учесник е должен да ја чува околината од пожар, смет, кршење, взагадување – нека листот и понатака зеленее.
  • Опрема и облека секој по свое наоѓање, обрнете внимание на обувките, треба да се разгазени за да не се добијат плускавци, пелерина за дожд.

Пријавување и Информации:

  • СПС на Македонија: 3165-540
  • Трансверзалец 3223-024 / 070-641-998

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки