Lara Gut го прекина двегодишниот пост со победа на спусто во Crans-Montana

lara gut behrami

Lara Gut-Behrami го прекина дво-годишниот пост за победа во спуст во Crans-Montana на Светскиот Куп во алпско скијање

Lara Gut победи во трка од Светскиот Куп во  спуст во петокот за нејзина прва победа по две години. Популарната Gut ја победи сонародничката Corinne Suter, водечка на табелата за 0.80 секунди додека Stephanie Venier од Австрија заврши трета со 0.92 секунди заостанување на патеката Mont Lachaux. Petra Vlhova која е специјалист во слалом, беше четврта за нејзино највисоко достигнување досега во спуст.

Gut е елитен брзински натпреварувач во брзите дисциплини со медали на Олимписките игри и седум досегашни победи во спуст на Светскиот Куп а лани на оваа трка не стигна на подиумот. Suter има предност пак пред Mikaela Shiffrin во трката за титула во оваа дисциплина.

Ова беше дури 25та победа за Gut на трките од Светскиот Куп но прва откако се омажи за швајцарскиот познат фудбалер Valon Behrami.

Suter пак беше главен претендент за победа се додека Gut-Behrami, со 18та стартна позиција не го започна своето возење на патеката долга 2.45-km при што достигна во еден момент и брзина од 105 км на час.

На сончев ден и мазна и лизгава патека неколку скијачки при вртење промашија капија додека пак Elisabeth Reisinger од Австрија имаше излетување во заштитната мрежа па со хеликоптер беше изнесена од планината.

 

 

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Title: A Doubt Regarding the Recent Study on Women’s Health.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки