Мон Блан и Монте Роса се едни од најпознати планини на Алпите и научниците тврдат дека климатските промени од корен ги менуваат зголемувајќи ја опасноста од одрони на камења и движење на глечерите.
„На местата на каде порано имавше одморалишта, сега не можете долго да се задржувате поради опасноста од одрони на камења“ „Сѐ што е поголемо од пола јаболко, е потенцијално смртоносно. Планината се менува, но нема дилема дека има сѐ повеќе има поголеми одрони на камења“ изјави швајцарскиот научник и планинарски водич Јан Бетел.
Една од причините е топењето на ледниците кој ги држи карпите и седиментите приковани во текот на целата година. Гледаме јасен тренд на загревање во областа на пермафростот особено по 2010 година, вели експертка на Институтот за истражување на снегот и одроните во Давос. Во лето најгорните слоеви на ледникот се топат. Очигледна е тенденцијата на зголемување на тој стопен слој.
На забрзувањето на топењето на ледникот и топењето на снегот предизвикува влевање вода во пукнатините, што го зголемува притисокот и тоа може да предизвика цели карпи одеднаш да се откачат.
На италијанската страна на Мон Блан на границата со Франција, локалното население е загрижено. Спектакуларниот глечер Планпинсо лизга сѐ побрзо кон долината како резултат на глобалното загревање. На глечерот е поставен радар кој го следи движењето на ледената маса секојдневно. „Нема ризик за Вал Ферет, дури и да се лизнат 250.000 квадратни метри“ вели климатологот Масимилијано Фацини од универзитетот Ферара.
Тој мисли дека во овој случај предупредувањата се претерани. „Жителите и туристите не се во опасност“, тврди тој.
skimacedonia
