Додека котлините низ Македонија се во зона на студена хибернација и минус температури, ски регионите уживаат во чист кислород и температурната инверзија од најмалку + 7 до 10 °C во позитива во однос на котлините. Ски центрите се уште се без доволно снег на ски патеките за нормално фунцкионирање, па затоа не работи ниту еден од нив, а ваквиот статус веројатно ќе продолжи и во следните десетина дена. Поголема акумулација на снег има во зоните над 2000-2200 метри низ Шарскиот и Корапскиот регион.
Температури во 06:00 часот утринава:
Попова Шапка 9.5°C, Маврови Анови 1.7°C, Лазарополе 5.7°C , Пониква 9.6°C, Крушево 10.5°C, Парк Галичица 6.0°C, Копанки Инфо центар – Пелистер 6.0°C


skimacedonia


